Поврзете се со нас

Свет

Стефановски повторно настрада од несовесен ривал: Некои возачи мора да се преиспитаат (Видео)

Објавено

на

Игор Стефановски Иџе денеска не успеа да ја заврши трката на патеката Мисано во рамките на првенството ТЦР Италија, а повторно причина беше несовесен потег на еден од ривалите, кој удри во автомобилот на единствениот македонски претставник во ова натпреварување.

Стефановски остана четири круга на патеката, пред да настрада во судирот предизвикан од друг возач, по што неговиот автомобил доби оштетувања.

Тимот на Иџе ќе се обиде да го оспособи автомобилот за утрешната втора трка која е закажана од 9:40 часот.

По трката со изјава се јави и Стефановски, кој не го криеше незадоволството од уште една трка во која остана без пласман поради туѓа грешка.

– Ова станува лудост, среќа што ударот не беше од страна, на таа брзина ќе беше фатално.

– Дефинитивно некои момци што се натпреваруваат овде не заслужуваат да возат, мора да се преиспитаат, бидејќи шампионатот станува опасен.

Победник на трката беше Франко Џиролами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни