Поврзете се со нас

Италија

Спалети со коментар за инволвираноста на Ѕаниоло и Тонали во скандалот со обложување

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Николо Ѕаниоли и Сандро Тонали мораа да ја напуштат италијанската репрезентација поради вмешаноста во скандалот со нелегално обложување, а селекторот Лучијано Спалети денеска морал да се изјасни во однос на оваа ситуација.

Актуелните премиерлигашки фудбалери требаше да бидат во комбинација за дуелите со Малта и Англија, но Спалети нема да смета на нивните услуги откако стана јасно дека навистина биле дел од корисниците на услуги на нелегалните платформи.

– Ова беше уште една тешка ноќ за нас, но поради друга причина.

– Целиот тим е близок со посочените фудбалери и ќе им даде поддршка во обидот да ги изнесат своите факти пред обвинителството. Ако се случило нешто нелегално, тогаш ќе мора да одговараат за такво нешто.

– Треба да разговараме со младите за да ја подигнеме свеста за нивната одговорност во општеството. Донесовме решение да не бидат во комбинација бидејќи не е во ред да користиме вознемирени момчиња на толку важни натпревари, – рекол Спалети.

Во скандалот е инволвиран и Николо Фаџоли од Јувентус, но тој не беше повикан во националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни