Поврзете се со нас

Англија

Сколс не е импресиониран од најголемото летно засилување: Ми изгледа како пони со еден фудбалски трик

Објавено

на

Манчестер Јунајтед направи пресврт против Омонија и избегна голем срам во Лигата на Европа, но тоа се случи откако Ерик Тен Хаг направи неколку измени и внесе во игра фудбалери како Рашфорд, Лук Шо и Марсијал.

Рашфорд и Марсијал беа посебно важни за враќањето и победата од 2:3 на гостувањето, а нивните добри изданија ги истакнаа и Ерик Тен Хаг и Пол Сколс, со тоа што легендата на Манчестер Јунајтед ги критикуваше крилата кои беа стартери.

– Тен Хаг беше во право со изјавата која ја даде. Крилата беа премногу статични во првото полувреме, а тоа беа Санчо и Антони. Санчо никогаш не трча зад грбот на дефанзивците и кога тој игра, потребен е навистина брз лев бек кој знае што прави во напад, или пак централен напаѓач како Кристијано Роналдо.

– На другата страна, гледам нешто слично и со Антони. Ни тој не трча зад грб на противникот, ми изгледа како пони со еден трик. Постојано оди кон средината на својата посилна лева нога, шутира, или пак додава до десниот бек. Сметам дека мора да се развива, иако е многу рано да се даваат проценки за него.

– Од друга страна, Рашфорд и Марсијал одиграа многу подобро од Санчо и Антонио. За мене, во овој момент, и Рашфорд и Марсијал се многу поопасни од Антони, – порача Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни