Поврзете се со нас

АТП

Синер за „рецептот“ за победа против Ѓоковиќ: Прашајте го него…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер доби уште еден меѓусебен дуел со Новак Ѓоковиќ и обезбеди свое прво финале на Аустралијан Опен, а по големиот полуфинален успех бил расположен за традиционалното интервју на теренот во Мелбурн.

Италијанецот се обидел да објасни што се случувало за време на мечот, а истовремено ја насмеа публиката со дел од своите одговори.

– Започнав одлично во првите два сета, забележав дека тој не се чувствува добро на теренот и продолжив да го притискам.

– Во третиот сет не искористив меч топка, но ова е тенис и морав да бидам подготвен за следниот сет. Секогаш е задоволство да се игра против ривал од кој можеш да научиш многу, загубив во полуфиналето на Вимблдон и тоа е дел од процесот на учење, – изјавил Синер.

Италијанецот требаше да открие и како успеал да го победи Ѓоковиќ на три од четирите меѓусебни дуели.

– Не знам, прашајте го него, – на шега истакна Синер, пред да го дополни одговорот.

– Играме сличен тенис, се обидуваме да вратиме што повеќе топки, а тој е и неверојатен сервер. Се обидов да го натерам да се движам многу, но секако нема да ви ја откривам мојата тактика, – истакнал италијанскиот тенисер и прв финалист на Аустралијан Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни