Поврзете се со нас

АТП

Синер со маестрален настап ја прекина доминацијата на Ѓоковиќ и избори финале во Мелбурн

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер оствари голема победа над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Аустралијан Опен и на најдобар можен начин избори место во финалето, во кое ќе се бори за престижниот трофеј во Мелбурн.

Италијанскиот тенисер уште еднаш покажа дека е незгоден противник за Ѓоковиќ, победувајќи го српскиот ривал со 3:1 во сетови за речиси три и пол часа игра.

Синер неочекувано убедливо ги доби првите два сета, беше подобар од Новак со 6:1 и 6:2, а третиот сет ја врати надежта кај Ѓоковиќ, бидејќи тој успеа да го добие во тај-брејк.

Но, тоа не го поколеба помладиот играч на теренот, па веќе во следниот сет издоминира за 6:3 и конечна победа во полуфиналето. Со тоа заврши серијата на Ѓоковиќ кој имаше 33 победи по ред на АО и немаше пораз на овој турнир цели 2195 дена.

Противник на Синер во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Медведев и Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни