Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците му испратија прв повик на синот на Марсело

Објавено

на

Шпанската фудбалска федерација ги следи настапите на синот на Марсело во младинската академија на Реал Мадрид и уште отсега му даде до знаење дека има отворена понуда да настапува за „црвената фурија“.

Синот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Енцо Алвес Виеира е роден во шпанската престолнина и логично стана дел од младинската академија на „кралскиот клуб“, за со своите голови да го привлече вниманието на федерацијата.

Иако има само 13 години, Енцо добил повик за подготовки и настап со У-15 репрезентацијата на Шпанија на нејзиниот следен најавен собир, па ќе биде најмлад во групата талентирани шпански фудбалери.

Наследникот на бразилскиот лев бек веќе постигнал 32 гола на 14 натпревари за Хувенил тимот на Реал, а го има потпишано и првиот договор со Реал Мадрид.

За само неколку години, Енцо има постигнато над 100 гола за соодветните тимови на Реал и е сметан за еден од најголемите таленти во младинската академија на мадридскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни