Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи се засили со дефанзивец со три шампионски титули од Грузија

Објавено

на

Лидерот во најсилниот домашен фудбалски шампионат Шкупи доведе ново име во дефанзивната линија и тоа од Грузија.

По повредата на Абдул Рватубаје кој ќе биде во „аут“ најмалку шест месеци клубот од Чаир реагираше експресно и го доведе во своите редови 25-годишниот Гаги Маргвелашвили.

Маргвелашвили е играч кој може да покрие повеќе позиции во одбраната, а со Шкупи потпиша двегодишен договор.

-Шкупи се бори за титулата во македонската лига и јас ќе работам напорно за да ги оствариме нашите цели. Сакам да победуваме и заедно да славиме заедно, исто посакувам да имаме силни настапи во европските натпреварувања.

-Ветувам дека максимално ќе ги бранам боите на овој дрес, -порача Гаги кој во Грузија има освоено три шампионски и една Куп титула со Сабуртало и Динамо Батуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни