Поврзете се со нас

Англија

Шевченко за играчот за кој Челси потроши 89 милиони фунти: Клубот треба да има трпение, мора да верува во неговиот талент

Објавено

на

Премиерлигашот Челси потроши голема сума на пари во летниот и зимскиот преоден рок, донесе доста играчи за кои допрва ќе видиме дали ќе можат да ги оправдаат очекувањата, да ги донесат посакуваните резултати, титули на „Стемфорд Бриџ“.

Оваа кампања за „сините“ е многу специфични и останува да се види што може да да извади, излече од неа како во ПЛ така и во ЛШ каде „сините“ обезбедија место меѓу осумте најдобри.

Еден од фудбалерите во кој Челси вложи дефинитивно е Михаило Мудрик за кого беа исплатени фантаситчни 89 милиони фунти. Украинецот нема добри први месеци во Лондон каде на шест натпревари во ПЛ забележа само една асистенција, а одигра и една меч во ЛШ каде немаше конретен учинок.

Поради ова веќе се поставува прашањето дали „сините“ згрешија со неговиот ангажман, дали го претплатија, но според легендарниот Андриј Шевченко рано е да се носат заклучоци, поточно го советува Челси да биде трпелив со неговиот сонародник.

-Челси купи талентиран млад играч за иднината. Неговата огромна фудбалска кариера само што започна. Првиот голем чекор беше точен – да се оди во Челси. Тој е дел од амбициозен проект и е во добри раце. Одлуката да се привлече сега покажува дека клубот верува во неговиот талент талент. Тој потпиша многу долг договор, што е невообичаено. Челси инвестира во иднина. Премиер лигата обично бара брзи резултати, но ајде да видиме како ќе се справи со овие осум години. Клубот мора да биде трпелив со него и да верува во неговиот талент. Јас би сакал да сум бил во Челси на негова возраст. Сè додека тимот повторно се гради, ќе биде тешко. Исто така е тешко заради сè што се случува во Украина, -порача Шевченко кој имаше своја епизода во Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни