Поврзете се со нас

Италија

Саки со трансфер совет за Милан: Најмалку четири засилувања и специфичен напаѓач

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Ариго Саки ги следи случувањата во својот поранешен клуб Милан и во последното интервју истакнал конкретни предлози во пресрет на летниот преоден рок.

Трофејниот стручњак инсистира на тоа раководството да ги слуша препораките на тренерот Стефано Пиоли, а истакнал и позиции на кои Милан мора да доведе нови играчи во текот на летото.

– Милан мора да се освежи во следниот преоден рок, а според мене потребни се двајца дефанзивци, еден играч од средниот ред и еден напаѓач.

– Слушам дека Зиркзе е можно засилување, но на Милан повеќе му треба напаѓач од типот на Халанд. Зиркзе е поподвижен и повеќе е офанзивен играч за врска, отколку напаѓач, иако би бил одлично засилување во секој случај.

– Што и да дојде во комбинација, директорите мора да го слушаат Пиоли и неговите препораки. Денеска не купувате фудбалер само според бројот на дриблинзи, се прави проценка и на моралните квалитети. Пред да го доведам Рајкард во Милан, испратив еден соработник кој го следеше петнаесет дена, – истакнал Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни