Поврзете се со нас

Италија

Саки има фаворит за Скудетото во новата сезона: Има непишано правило во фудбалот, но…

Објавено

на

Започнаа подготовките за новата сезона во Италија, екипите почнаа да работат, функционираа, а во меѓувреме гледаат да завршат и некои операции, активности на трансфер пазарот.

Има можност уште многу работи да се променат до крајот на овој преоден рок, но прославениот тренер на Милан и некогашен селектор на Италија, Ариго Саки веќе има фаворит за тоа кој може да го освои Скудетото.

Истото сега е во рацете на Наполи, ама според Саки клубот од Неапол ја нема пол позицијата за пехарот во натпреварувачкаат 2023/2024.

-Кој го освоил Скудетото обично започнува како фаворит за следната сезона. Тоа е непишано правило во фудбалот. Тоа беше случај со Милан минатата година и Наполи овој пат. Сепак, не сум толку сигурен дека правилото ќе се потврди ниту следнава сезона. Мислам дека Интер е сериозен кандидат за Скудетото, веројатно и фаворит, дури и пред Наполи, -порача Ариго за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни