Поврзете се со нас

Англија

Сака прв играч со „дабл-дабл“ учинок во ПЛ, Арсенал со нова победа до плус осум од Сити

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Arsenal

Екипата на Арсенал експресно го заборави разочарувањето од Лига Европа и тоа со убедлива победа над Кристал Палас во Премиер лигата.

Избраниците на Микел Артета славеа со 4-1 и со тоа дополнително се зацврстија на врвот на табелата каде сега имаат плус осум во однос на актуелниот шампион Манчестер Сити кој има одиграно и еден натпревар помалку во однос на лидерот.

Сака даде два гола и запиша асистенција, а со тоа стана првиот играч со „дабл-дабл“ учинок во ПЛ во актуелнава сезона, односно зад неговото име досега има 12 погодоци и 10 асистенции. Во листата на стрелци се запишаа уште Мартинели и Џака, додека единствениот погодок за поразените беше дело на Шлуп во 63 минута.

Наредниот меч за Арсенал е на 1 април против тимот на Лидс и тоа на „Емирејтс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни