Македонија
Работнички ја доби Куп драмата со Шкендија, Струга елиминирана на пенали
Работнички и Шкендија го одиграа најинтересниот натпревар од денешните осминафинални пресметки во Македонскиот фудбалски куп (3:2), а тетовци го завршија настапот заедно со Струга ТЛ, која пак доживеа елиминација на пенали.
„Романтичарите“ први поведоа, па дозволиja пресврт од страна на Шкендија, за на крајот со нов пресврт, Работнички да стигне до 3:2 и голема победа во оваа рунда. Стојановски, Гандо и Мазари беа стрелци на погодоците за победникот, додека Елези и Цаке погодија за гостите од Тетово.
АП Брера и Воска Спорт славеа на пенали во дуелите со Гостивар, односно Струга ТЛ и си обезбедија место во четвртфиналето, а Силекс обезбеди следна рунда со триумфот над Башкими со 3:2.
Вардар загуби од Македонија Ѓ.П во скопската пресметка (0:1), а со истиот резултат Тиквеш славеше над Пелистер (1:0).
Најубедлив беше тимот на Брегалница, екипа која славеше со 11:0 во дуелот со Јанг Тим, додека Шкупи оствари рутинска победа над Охрид со резултат 4:0.
-
Македонијапред 19 часа
Струга го отпушти тренерот на три кола до крајот на шампионатот
-
АТПпред 22 часа
Алкарас: Не сакам да губам, но…
-
Шпанијапред 24 часа
Мекманаман со комплименти за ѕвездата на Реал: Тој има поголемо влијание од Роналдо и Зидан
-
Олимписки игрипред 19 часа
И на Пешиќ му „пукна филмот“: Здодевни сте со Јокиќ…
-
Лига на шампионипред 24 часа
Двојно задоволство: Победата на Борусија над ПСЖ носи голем плус за германскиот фудбал (Фото)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 23 часа
Енрике е убеден: Ќе бидеме многу силни во реваншот, треба да се поправи една работа
-
Лига на шампионипред 22 часа
Судиска одлука за која ќе се зборува: Душебајев и Карачиќ на колена, Талант се фаќаше за глава (ВИДЕО)