Поврзете се со нас

АТП

Проблеми за првиот фаворит за пехарот во Мелбурн: Ѓоковиќ поради повреда го прекина тренингот (ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ иако не е прв носител важи за прв фаворит за освојување на пехарот во Мелбурн, поточно првиот календарски грен слем Австралија Опен.

Меѓутоа Ноле пред стартот на овој голем настан се соочува со проблеми, повреда која не е онаа истата од турнирот од Аделејд. Имено неговиот тренинг меч против Данил Медведев беше прекинат при резултат 6:4 за рускиот ас.

Според медиумите не се работи за задната ложа, туку за коленото со што дефинитивно ги загрижи сите негови фанови, но и сите вистинсли љубители на овој спорт.

Србинот водел со 3-2 со предност од брејк кога ја доби првата лекарска помош за да потоа во продолжението од сетот освои само еден гејм. Местото на Ѓоковиќ го зазема искусниотПабло Андухар кој ги одигра преостанатите 39 минути со Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни