Поврзете се со нас

Шпанија

Претседателот на Реал упатил невообичаена молба до ветеранот Модриќ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ долго време истакнува дека планира да остане во Реал Мадрид, но богатата понуда од Саудиска Арабија и натаму предизвика бура во неговото опкружување и остава мала доза неизвесност во пресрет на новата сезона.

Хрватскиот ветеран добил фантастични финансиски услови од клуб од амбициозната азиска земја, а според „ОК Диарио“, сите во неговото опкружување, предводени од агентите посакуваат истата и да ја прифати.

Единствено сопругата на фудбалската ѕвезда негодувала околу опцијата за преселба во Саудиска Арабија, додека агентите на Модриќ побарале и поголема плата од Реал, користејќи ја понудата како можност за евентуално подобрување на условите од раководството на шпанскиот клуб.

Сепак, Реал нема намера да се одлучи на таков потег, а истиот медиум тврди дека претседателот Флорентино Перез имал специфично барање за хрватскиот репрезентативец.

Користејќи го големото пријателство со Модриќ, Перез побарал од него да остане во Мадрид барем до полусезона, а потоа уште еднаш да размисли дали сака да го следи примерот на Карим Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни