Свет
Поранешен украински репрезентативец се бори за живот откако претерал со алкохол

Фудбалските патишта знаат да бидат доста предизвикувачки по крајот на кариерите, особено во ситуација кога професионалците се навикнати на еден стандареден режим до кои се придржувале со децении.
За жал, фудбалот ни носи и тажни приказни и тоа во раните фази по објавена пензија, а таков е случајот со Артем Милевски кој сега се бори за живот на 38-годишна возраст.
Поранешниот украински репрезентативец имаше проблеми со алкохолот и за време на кариерата, но по крајот на истата сериозно му се предал на порокот и последната вест е дека се бори за својот живот во болница.
Легендарниот фудбалер на Динамо Киев западнал во сериозна криза во последно време, до толку што сега неговиот живот е доведен во прашање. Поранешниот соиграч Александер Алијев открива дека Милевски бил сместен во болница пред пет дена, па ситуацијата е до толку сериозна, што лекарите прават максимални напори за да го одржат во живот.
– Сакам да ги расветлам работите околу Милевски. Фала му на Бог стигнавме навреме и успеавме да го сместиме во болница. Тука е веќе пет дена и ситуацијата е максимално сериозна. Лекарите се борат за неговиот живот, но засега се оди во позитивна насока, – открива Алијев.
Милевски собра 50 настапи за Украина во својата играчка кариера, а на клупски план најмногу играше за Динамо каде на 278 натпревари постигна 87 гола.
❗ Бывший нападающий сборной Украины и киевского «Динамо» Артем Милевский госпитализирован в тяжелом состоянии. Ситуация со здоровьем обострилась на фоне серьезных проблем с алкоголем. За жизнь Милевского борются врачи. pic.twitter.com/0teqH0KDD3
— Телеспорт (@telesporttv) September 25, 2023
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек