Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пети: Некој нека му каже на Перез дека Реал го изгради статусот благодарение на УЕФА

Објавено

на

Последните активности на Супер лигата иницирани од одлуката на Европскиот суд за правда налутија дел од познатите фудбалски имиња, а еден од оние кои застанаа цврсто зад актуелната контрола на УЕФА е Емануел Пети.

Поранешниот француски репрезентативец гостувал во емисијата на колегата Жером Ротен и испратил директен напад кон Флорентино Перез и неговите соработници.

– Кого сака да замајува Флорентино Перез?

– Објави видео на кое стои пред клупските трофеи, плука по УЕФА, а зборува пред она што му овозможи да го изгради статусот на Реал Мадрид. Некој требаше да му каже дека се околу него е поврзано со УЕФА.

– Се надевам дека брзо ќе го активираат проектот за да се увериме колку е смешен. Им посакувам многу среќа во соочувањето со револтот на навивачите и организирање лига со 64 клуба. Ако вакво нешто стане реалност, јас ќе ги прекинам сите врски со фудбалот, – рекол Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни