Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Перишиќ: Гладни сме, сакаме победа во Мадрид

Објавено

на

Интер по подолга пауза обезбеди место во нокаут фазата на Лигата на шампионите, но воедно има можност да ја заврши групната фаза и од првата позиција, а за тоа е потребно да слави вечерва над Реал во Мадрид.

„Нероаѕурите“ се во добра форма и сакаат тоа да го потврдат против шпанскиот великан, најтрофејниот во ова натпреварување.

-Нема голема разлика, играме со ист систем и се знаеме долги години. Формата секогаш e иста, ништо не е сменето освен тоа што се покажавме подобро во Лигата на шампионите. Оваа година заслуживме да ја поминеме, минатата година бевме блиску, -истакна Иван Перишиќ запрашан за тоа што се сменило кај Интер во оваа кампања со оглед на тоа што претходно не ја минуваше групната фаза ниту под водство на Лучијано Спалети и Антонио Конте.

-Последните две години беа прекрасни за мене. Јас сум гладен, како и целиот тим и сакам да победам. Не сакам да зборувам за иднината, треба да дадеме сè и да мислиме само на сегашноста. Фокусиран сум само на Реал, сакаме да одиграме одличен натпревар и да завршиме први. Имаме време и за неколку недели ќе разговараме, да видиме што може да се случи, -дополни Хрватот на кого договорот му завршува во 2022 година.

Средбата Реал-Интер се игра од 21 часот на „Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни