Поврзете се со нас

Свет

Пасторе одбра страна меѓу Меси и ПСЖ: Беше тешко…

Објавено

на

Лионел Меси веќе неколку месеци не е дел од Пари Сен Жермен или поточно започна нова приказна, живот во МЛС составот Интер Мајами.

Меѓутоа во неговото последно интервју Лео имаше што да каже за ПСЖ, поточно посочи дека е разочаран што само тој од сите аргентински репрезентативци не добил признание од својот клуб за освоената светска титула во Катар.

Меси не го крие разочарувањето од ПСЖ: Само јас не добив признание по освоениот мундијал

Брзо потоа стигна одговорот од таборот на францускиот првак и тоа преку претседателот Ал Келаифи. Токму на оваа тема која стана актуелна свој став даде некогашниот аргентински репрезентативец и екс член на „светците“, Хавиер Пасторе кој интересно застана зад клубот.

Ал Келаифи му одговори на Меси: ПСЖ е француски клуб

-Немам разговарано со него за тоа, но тоа е нормално; беше нешто тешко да се слави светски шампион во земја која го загуби финалето. Многу значеше клубот да не направи нешто важно за да не се нагласи лош момент за Франција и за играчите од Париз кои играа за Франција.

-После тоа секој играч може да мисли што сака. Искрено, не знам што се случувало во ПСЖ во последните две години бидејќи не бев таму. Не бев соиграч на Меси, не знам. Тоа е нешто помеѓу клубот и играчот, -истакна Пасторе за РМЦ Спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни