Франција
Ал Келаифи му одговори на Меси: ПСЖ е француски клуб

Односот на реалција Лео Меси – ПСЖ значително се влоши откако Аргентинецот си замина од Париз, а причина за тоа се изјавите кои ги дава големата фудбалска ѕвезда за својот престој во француската престолнина.
Новиот член на Интер Мајами во речиси секое ново излагање во јавноста дава лоши впечатоци за искуството кое го имаше во ПСЖ, па така последно му забележа на клубот за третманот кој го добил откако го освои Светското првенство.
Меси нагласи дека бил единствениот светски шампион на Аргентина кој не добил призание од својот клуб, а ваквата прозивка денеска донесе реакција и од првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи.
– Знам дека од страна се зборува многу. Не знам што точно направил, или кажал Меси. Јас го знам тоа што го знаете сите. Ние објавивме видео во кое се гледа како му честитаат сите на тренингот, но му честитавме и приватно.
– Го направивме тоа со почит кон домашната јавност, бидејќи ПСЖ е француски клуб. Неговата Аргентина ја победи Франција и моравме да покажеме почит кон фановите и останатите француски играчи во нашиот тим, – изјави Ал Келаифи.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 14 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 17 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Италијапред 11 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 16 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 13 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 13 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)