Поврзете се со нас

Англија

Паркер е последниот: Клоп им пресудил на шест менаџери во Премиер лигата

Објавено

на

Екипата на Борнмут денеска ја информираше јавноста дека е прекината соработката со менаџерот Скот Паркер, одлука која доаѓа по само четири одиграни кола во Премиер лигата.

По само четири кола: Падна првиот отказ во Премиер лигата!

Борнмут на почетокот ја победи Астон Вила, а потоа загуби од претендентите за највисок пласман Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул со тоа што поразот од последниве беше вистинска катастрофа со оглед на тоа што финалниот резулат беше 9-0.

Ова ја натера управата на клубот да реагира и да се раздели со Паркер, потег кој за многумина не е разбирлив затоа што се работи за рана фаза на шампионатот во која се доживеа успеси против тимови кои се далеку подобри, поквалитетни од нив.

И додека се дискутира на оваа тема, медиумите извадија една интересна статистика, вест во која стои дека Јирген Клоп им пресудил дури на шест колеги во ПЛ, односно по дуелите со Ливерпул тие зарабоиле отказ.

Освен Паркер во ова друшто се Франческо Гвидолин (Свонси), Славен Билиќ (Вест Хем), Славиша Јокановиќ (Вотфод), Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) и Марко Силва (Евертон).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни