Пливање
Охридскиот херој Марко го заврши и најтешкиот пливачки предизвик и испиша историја на големиот празник (Видео)

На денот кога се слави големиот верски празник Голема Богородица, најпознатиот охридски пливачки херој Марко Пејчиновски реализираше и комплетираше уште еден огромен и историски подвиг, оној кој не успеа да го финишира пред три години.
Пливајќи речиси цели 22 часа во охридското езеро, младиот Марко мина долг пат по сонце и ѕвездено небо во ноќ, следен од своите најблиски и професионални набљудувачи кои до секунда го пресметаа неговото време и сега ќе го испратат до светската пливачка Федерација.
Охридскиот јунак утрово се појави на градското пристаниште по препливани неверојатни 64 километри, со кои на најдобар можен начин го затвора летото во кое 10 пати го препливуваше езерото.
Последната делница која сам си ја зададе го носеше и најтешкиот предизвик, а за разлика од пред три години, сега истиот успешно го положи и испиша историја.
Делницата долга 64 километри почна со препливување од Охрид до Струга, потоа Марко исплива до Свети Наум, за утрово повторно да се врати во Охрид и да биде громогласно пречекан од стотината сограѓани кои сведочеа на историскиот момент.
-
Светпред 23 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Евролигапред 21 час
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Англијапред 24 часа
Евра не го дели ставот на Кин и Невил: Тие можат да ја освојат титулата во Премиер лигата
-
Светски првенствапред 22 часа
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 12 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 22 часа
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)