АВТО МОТО
Одекна македонската химна на Пол Рикар: Давидовски вечно ќе ја памети трката во Франција (Видео)

Виктор Давидовски со златни букви го запиша своето име во историјата на македонскиот автомобилизам, бидејќи стана првиот возач од нашата земја кој победи на трка во ТЦР Европа.
Претставникот на „Comtoyou Racing“ тимот на Ауди стартуваше од пол позицијата во Франција на втората трка овој викенд и без проблеми го одбрани првото место, па несомнено ова е најголема победа во неговата професионална кариера.
– Ова е прва ваква голема победа во мојата кариера и многу сум среќен поради тоа, – изјави емотивниот Давидовски, чие кратко интервју по трката беше прекинато од неговиот тимски колега, Франко Џиролами.
Аргентинецот се фрли во прегратка на Македонецот и му честиташе за огромниот успех, по кој Давидовски изби и на седмото место во генералниот пласман во ТЦР Европа.
– Франко е мој колега, но тој е и како мој тренер. Многу сме среќни за овој успех, – изјави Виктор пред да се качи на подиумот, каде беше интонирана македонската химна во чест на денешниот победник
-
Репрезентацијапред 23 часа
Моќно издание на избраниците на Лазаров, совладана Грција со 18 гола разлика
-
Светпред 12 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
АТПпред 14 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 12 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Италијапред 13 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Светпред 13 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Францијапред 23 часа
„Алчниот“ Покетино ја „исцедил“ касата на ПСЖ
-
АТПпред 11 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)