Поврзете се со нас

Светски првенства

Нестварен податок: Гризман испиша историја уште пред почетокот на осминафиналето со Полска (Фото)

Објавено

на

Диего Форлан во текот на вчерашниот ден излезе со интересна изјава и го посочи Антоан Гризман како најважен и највлијателен играч во актуелната фудаблска генерација на Франција, ставајќи го и над Килијан Мбапе кој од медиумите добива статус на најголема ѕвезда.

Легендарниот уругвајски голгетер ја посочи важноста на Гризман поради учеството во сите фази во градењето на играта, но неговиот став добива и силна потпора со неверојатниот податок кој го извадија сите најугледни медиуми.

Имено, Гризман испиша фудаблска историја во Франција уште пред почетокот на осминафиналето против Полска на Светското првенство со самото тоа што се најде во стартната постава, бидејќи ова ќе биде 71-ви последователен меч на кој настапува за својата селекција.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид секогаш го дава максимумот за селекцијата и податокот кој вели дека никогаш не бил повреден за националниот тим во изминатите пет години а навистина нестварен, што заслужено е одбележан и со апсолутен рекорд.

Никој претходно во историјата на Франција не настапил на толку многу натпревари едно по друго, па Антоан може да биде горд на уште едно незаборавно достигнување во својата репрезентативна кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни