Поврзете се со нас

Италија

Несекојдневна ситуација: Куадрадо ќе одработи суспензија во Интер за црвен картон добиен против Интер

Објавено

на

Хуан Куадрадо се договорил со Интер за едногодишна соработка и се очекува наскоро Колумбиецот да биде претставен како засилување за тимот на Симоне Инѕаги.

Искусниот крилен играч настапуваше осум години за Јувентус, со „бјанконерите“ освои пет скудета, но откако не му беше понуден нов договор, решил да ја прифати понудата на големиот ривал од Милано.

Италијанските медиуми потсетуваат дека ваквиот епилог носи и една несекојдневна ситуација поврзана со Куадрадо.

Поточно, колумбискиот репрезентативец ќе мора да одработи најголем дел од суспензијата заработена на дуелот со Интер, токму во дресот на Интер.

Куадрадо имаше дуел со Самир Хандановиќ во полуфиналето на италијанскиот куп, по што заработи суспензија на три натпревари, од кои едниот веќе го одработи на реваншот.

Со други зборови, Куадрадо ќе ги пропушти осминафиналниот и четвртфиналниот натпревар во Копа Италија доколку стане фудбалер на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни