Поврзете се со нас

Македонија

Неочекуван предизвик за ветеранот: Ристовски одново ќе брани во Бундеслигата

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Борко Ристовски иако веќе влезе во петтата деценија од животот тој одново ќе биде дел во најдобрата лига на светот-тоа е Бундеслигата.

Имено Борко ќе му се приклучи  на германскиот прволигаш Лемго кој има проблеми на голманската позиција, односно нашиот ас со своето искуство, квалитет, знаење треба да помогне во наредниот период.

Се работи за два месеци, односно тој како позајмен играч од Вардар ќе замине во Лемго по што во 2023 година ќе се врати дома за најважните битки на „црвено-црните“ во домашниот шампионат.

Ова за Ристовски ќе биде трет мандат во Германија, претходно ги бранеше боите на Рајн-Некар Левен и Гумерсбах.

Лемго се наоѓа на 15. место на прволигашната табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни