Поврзете се со нас

АТП

Нема крај на постот: Надал го откажа настапот и во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал не воодушеви со својот настап на Австралија Опен и ги загрижи своите фанови со новата повреда која ја заработи, која на крајот испадна дека е многу посериозна од првично предвиденото.

Медиумите прво пренесоа дека станува збор за кинење на мускул во пределот на абдоменот, но потоа од лекарскиот тим на Надал објаснија дека се работи за мускул во пределот на левиот колк, што прави движењата на Шпанецот да бидат лимитирани.

На почетокот на месец март, беше пренесено дека Надал ќе настапи на Мастерсот во Монте Карло, но не само што не се случи тоа, Шпанецот ја пропушти Барселона, но сега ќе го скокне и Мадрид.

Тоа ќе биде седми турнир кој Рафа ќе го пропушти оваа сезона поради истата повреда, а на 38 дена пред стартот на Ролан Гарос, Мастерсот во Рим ќе му биде последна шанса да има какво-такво загревање за грен слемот во Париз.

– Се уште не сум заздравен од повредата и не можам да работам како што сакам. Тренирав, но пред неколку дена решивме да го промениме курсот и да испробаме друг третман. Да видиме дали работите ќе се одвиваат онака како што сакаме, – порачува Надал во објавата дека нема да игра и во Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни