Поврзете се со нас

Свет

Нејмар лут: Се е лага, престанете да им верувате на вакви медиуми

Објавено

на

foto:twitter.com/neymarjr

Нејмар си замина од Пари Сен Жермен во летниот преоден рок и се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија, тим во кој допрва треба да се покаже, да ги оправда вложените средства во него.

Засега офанзивецот нема некој изданија со кои може да се пофали, но дел од медиумите пренесоа дека тој веќе влегол во конфликт со тренерот Жорж Жезус, препирка која можела да заврши и со физичка пресметка.

Наводно по ова Бразилецот побарал смена на тренерот, меѓутоа колку е ова вистина говори реакцијата на напаѓачот.

-Лага! Мора да престанете да им верувате на вакви медиуми. Со милиони следбеници не може да објавувате секакви лажни вести. Со сета почит, ве молам да престанете да лажете. Ова е големо непочитување, -порача Нејмар на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни