Поврзете се со нас

Конференциска лига

Навивачите на Легија повредиле полицајци, па им бил забранет влез на „Вила Парк“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AVFCOfficial

Навивачите на Легија се познати по своите хулигански испади во градовите кои ги посетуваат, а таквото однесување го повториле и вечерва во Бирмингем.

Англиските медиуми потврдија дека пред почетокот на дуелот од Конференциската лига меѓу Астон Вила и Легија, гостинските навивачи предизвикале реакција на полицијата, а во пресметката биле повредени тројца припадници на полициските сили.

Покрај тоа што била предизвикана и материјална штета, насилничкото однесување на полските фанови ги натерало домаќините да не дозволат присуство на гостински фанови на „Вила Парк“.

Локалните жители добила насоки да ја избегнуваат локацијата околу стадионот и да внимаваат додека во градот се присутни фанови од Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни