Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман за новиот договор со федерацијата: Бев трогнат од две победи на Германија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dfb_team

Германската фудбалска федерација денеска официјално потврди дека е продолжен договорот со селекторот Јулијан Нагелсман и тој ќе ја извршува функцијата најмалку до Светското првенство во 2026 година.

Нагелсман првично имаше договор да го наследи Ханси Флик и да ја води репрезентацијата до крајот на ЕП летово, но и двете страни биле задоволни од соработката и се согласиле на продолжување на соработката.

– Ова е одлука на срцето.

– Голема чест е да бидам предводник на националниот тим и да работам со најдобрите германски фудбалери. Со успешни и страсни настапи, имаме можност да ја инспирираме целата земја. Двете победи над Франција и Холандија ме трогнаа, а сега сакаме да одиграме успешно на Европското првенство, – изјавил Нагелсман.

Денешната информација веројатно е потврда дека Баерн Минхен ќе мора да бара друга солуција за тренерската позиција, бидејќи до вчера се сметаше дека Нагелсман е многу блиску до враќање на „Алијанц“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни