Поврзете се со нас

АТП

Мурињо се огласи на српски во чест на својот миленик Ѓоковиќ, Србинот му возврати со убави зборови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ и Жозе Мурињо имаа една навистина убава средба во Рим пред и по мечот кој го играше Србинот во втората рунда на Мастерсот во италијанската престолнина, соочување при кое двајцата покажаа колку многу се почитуваат и ценат.

„Специјалниот“ беше ВИП гостин на трибините со цел да го гледа својот омилен тенисер, а откако Ноле победи со 2:0 против Аргентинецот Ечевери, Жозе стана вирален хит поради тоа што побара автограм од Новак.

Работата не сопре тука и тренерот на Рома му се заблагодари на Србинот и преку социјалните мрежи, со тоа што пораката беше навистина посебна поради тоа што се обрати на српски јазик.

– Ти благодарам многу! Господин Ѓоковиќ (Хвала ти пуно! Мистер Ѓоковиќ).

Со оваа објава, Португалецот само уште еднаш покажа колку го почитува големиот грен слем шампион, кој пак истовремено возврати со убави зборови на пресот.

– Мурињо има доаѓано да ме гледа неколку пати во Лондон, бидејќи често игравме таму за завршниот турнир, а тој тогаш работеше во Лондон. Отсекогаш бил љубезен кон мене и мојот тим. Се надевам дека ќе му ја возвратам услугата и дека ќе го гледам неговиот тим во блиска иднина. Специјалниот дојде да ме гледа и навистина сум многу среќен, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни