Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо јавно прозва едно летно засилување: Вистинска штета е што нема камера во соблекувалната

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома изгледа како тим кој калкулира во Лига Европа и второто место во групата не е она што го задоволува Жозе Мурињо, бидејќи тоа значи дека следи бараж разигрување со тимовите кои ќе испаднат од Лигата на шампионите.

Тоа не е воопшто добра вест за Жозе Мурињо, кој по ремито со Сервет на гостувањето во Женева имаше критики за своите фудбалери, а директно прозва и едно летно засилување.

Конечните 1:1 против Сервет значат дека Славија Прага сега е првопласирана со два бода предност и има се во свои раце за пласман во осминафиналето, факт кој направи Мурињо да биде доста нервозен од ваквиот епилог.

– Имавме добри можности да победиме, но тоа што ни се случи на стартот на вториот дел е нешто што ни се случува премногу често. Вистинска штета е што немате камера во нашата соблекувална секогаш кога одиме на полувреме. Секогаш им потенцирам на моите играчи дека противниците кои играат на домашен терен, ќе излезат борбено на теренот кога губат со 1:0. Тоа е природна реакција, нешто што го очекуваме, но и покрај тоа повторно примаме гол.

– Повторно имавме играчи кои изгледаа површно на теренот, немаа добар однос и добра интерпретација на натпреварот. Има играчи кои испуштија уште една шанса за докажување, за пример ќе го земам Хусем Ауар. Во Серија А пристапот е друг од играчите, тука во Лига Европа изгледаат тромаво и бавно, како да не сакаат да го подобра тимот, – посочи Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни