Поврзете се со нас

Италија

Мурињо имал состанок со претседателот на Ал Ахли

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо е на мета на неколку клубови кои го посакуваат во своите редови за следната сезона, но се чини засега се уште е најблиску до останување на клупата на Рома.

Португалецот денеска се сретнал со претседателот на Ал Ахли во Лондон, но и покрај богатата понуда на клубот од Саудиска Арабија, решил да се заблагодари и да ги одбие многу поповолните финансиски услови.

Мурињо ги испочитувал челниците на амбициозниот клуб и ја прифатил поканата за директни преговори, но на крајот им соопштил дека ќе остане во Рим барем уште една сезона.

Тоа оди во прилог на неговите досегашни најави и ветувања кон фановите на Рома, кои се чини уште една сезона ќе следат натпревари на нивниот тим, водени токму од Мурињо.

Рома сезонава обезбеди пласман во Лига Европа, натпреварувањето во кое стигна и до финалето, но таму не успеа да ја победи Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни