Поврзете се со нас

Европски првенства

Мукаетов: Да направиме нешто светски, да покажеме зошто ракометот е спорт број еден во Македонија

Објавено

на

Македонија е еден од домаќините на Европското женско ракометно првенство кое ќе се одржи во четири града во периодот од 4 до 20 ноември.

Скопје заедно со Подгорица, Целје и Љубљана ќе биде домаќин на европскиот ракометен крем, па првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов се надева дека сите заедно ќе ја претставиме државата, ракометот во најдобро светло.

-Идејата е да бидеме сите тука заедно, да се дружиме и покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуетет да креираме колку можеме подобар македонски ракомет. Не очекува организација на ЕП, треба да играме со срце за Македонија. Очекуваме поддршка од нашиот народ, да дојде во што поголем број и да им дадеме поддршка на нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат.

-Заедно да покажеме дека сме сплотени, хомогени, и заедно да покажеме дека можеме да додадеме дополнителна вредност на македонскиот ракомет. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија може да направиме нешто што ќе биде светски. Се трудиме нашот ракомет да биде европски, светски, имаме многу такви примери, амбасадори. Да покажеме зошто ракометот е спорт број еден во Македонија,- истакна Мукаетов.

Свое обраќање имаше и ЕХФ Амбасадорот на ЕП, Гордана Нацева.

-Чест и задоволство е што денеска сум овде. Свесни сме колку голема работа ни се случува и што значи да се биде домаќин на настан во женскиот ракомет во Европа. Не секоја држава ја има таа можност. Ја поздравувам одлуката на РФМ да ги вложи сите потенцијали и да го организира ЕП, сметам дека се одржува во исклучително важен момент за женскиот ракомет кој полекасе обидува да се врати на старите патеки.

-Ова ќе биде голем мотив и силен импулс за сите што сме вкклучени во ракометот. Не секоја генерација има можност да игра во својата земја на големо натпреварување. Знам колку ракометарките напорно работат и сакаат да одиграат најдобро што можат. Со верба во себе и помош од трибините верувам дека ниту една цел не е недостижна, верувам дека можеме да бидеме пријатно изненадување. По подолго време македонската-публика ќе може да присуствува на натпревари на европската ракометна елита. Ги повикувам да дојдат и да ја дадат поддршката за нашата репрезентација. Предизвик за нас е да бидеме добри домаќини и сите гости да понесат најубави спомени за нашата земја. Напред Македонија, -порача Нацева.

Нашите девојќи се во групата Ц каде за ривали ќе ги имаат Франција, Холандија и Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни