Поврзете се со нас

Италија

МЛС клуб во напредни преговори со Жиру

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру и натаму игра во форма со која предизвикува интерес кај повеќе клубови, вклучувајќи го Милан кој сака да го продолжи договорот со Французинот.

Искусниот напаѓач допрва ќе донесе конечна одлука, но угледниот портал „Атлетик“ пренесува дека веќе добил примамлива понуда од МЛС клуб.

Се работи за клубот Лос Анџелес ФЦ кој ги информирал агентите на Жиру за условите под кои Французинот би станал ривал на Лео Месо, но фудбалерот не сака да брза со одлуката.

Договорот на Жиру истекува во јуни и тој покрај преселбата во Калифорнија, има опција да остане во Милано каде е сериозно почитуван, па дури да размисли и за понуда од Саудиска Арабија каде сигурно има интерес меѓу клубовите.

Лос Анџелес има откупено права за да добие предност пред МЛС ривалите во преговорите со Жиру, но допрва ќе биде јасно дали напаѓачот ќе му се приклучи на долгогодишниот колега од националниот тим, Иго Лорис.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни