Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ридигер му се закани на Мбапе: Ако ме помине…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид може да се соочи со Пари Сен Жермен во големото финале во Лигата на шампионите, а при едно такво сценарио ќе можеме да видиме како Килијан Мбапе се соочува со новите соиграчи.

Иако официјално не е потврдени, сите релевантни светски медиуми пренесоа дека Мбапе се договорил со „кралевите“ и се чека само вистинското време за да се објави дека напаѓачот ќе го носи дресот на шпанскиот великан.

Антонио Ридигер сака предизвици и порача дека е подготвен да се соочи со Мбапе ако се наместат коцките да играат на „Вембли“.

-Ако играм против Мбапе во финалето, ние ќе го победиме. Ако ме помине, ќе го уништам, -рече Германецот.

-Најдобрите играчи во историјата секогаш доаѓале во Реал Мадрид. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, така што би бил добар натпревар. Кој вели дека тој (Мбапе) доаѓа, тоа не е официјално, -дополнил Антонио со насмевка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни