Поврзете се со нас

НБА

Неверојатниот Макси со луда партија го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Екипата на Њујорк Никс не ја искористи првата меч топка во пресметката со Филаделфија Севентисиксерс и тоа во својот дом во „Медисон Сквер Гарден“.

Гостите се изборија за тежик триумф од 112:106 по дополнителните пет минути и сега Никси водат со 3-2 во серијата со тоа што мора да се напомене дека наредната средба се игра во Филаделфија што значи дека нема воопшто да биде изненадување ако видиме и мајсторка во оваа битка на Истокот.

Играч на средбата беше неверојатниот Макси кој „испука“ 46 поени со 5 скока и 9 асистенции. Особено ќе се памети неговата улога во финишот на натпреварот кога во завршните 25 секунди постигна седум поени и го однесе истиот во продолженија.

Херис конечно се разбуди и уфрли 19 кошеви, додека трипл-дабл имаше Ембид од 19 поени, 16 скока и 10 асистенции.

Залудни за Никси беа 40 поени на Брансон.

Милвоки Бакс пак без двете главни ѕвезди Адетокумбо и Лилард се избори за славје над Индијана Пејсерс од 115:92 и ја пресели серијата во Индијанаполис (3-2 водат Пејсерс), додека пак Кливленд Кавалирс одново води во дуелот со Орландо Меџик, овојпат со 3-2 по триумфот од 104:103.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни