Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Видео кое не беше пренесено од телевизиските камери: Потегот на Винисиус во знак на благодарност кон Крос

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид го преживеа тешкото гостување во Минхен и успеа да извлече 2:2 против Баерн, но иако најзаслужен за тоа е Винисиус Жуниор кој постигна два гола, за многумина убедливо најдобар играч во Реал беше Тони Крос.

Искусниот ветеран беше посебно инспириран против својот поранешен клуб и ја диригираше играта на средината на теренот, но посебно воодушеви со пасот кој му го додели на Винисиус за водство од 0:1.

Тони му покажа на Вини каде треба да се движи и потоа му испрати теледиригирана топка, а во целата оваа ситуација, на телевизиските камери им побегна и еден интересен момент.

Бразилскиот голгетер не остана рамнодушен на магијата која ја изведе Германецот, па во моментите кога се враќал кон својата половина, му се поклонил на Тони во знак на благодарност за страшното додавање.

Винисиус до крајот на мечот постигна и втор гол од белата точка, а истиот беше последен на натпреварот и ги постави конечните 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни