Поврзете се со нас

Англија

Фернандеш може да си замине од Јунајтед: Ако треба да бидам искрен…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш веќе четири години е дел од премиерлигашот Манчестер Јунајтед со кого е под договор од 30 јуни 2026 година.

Тој е еден од најважните играчи во екипата, но во фудбалот често се менуваат работите, па така во последната вест која ја објави „Телеград“ офанзивецот не беше споменат како дел од групаат од тројца играчи кои се недопирливи ова лето, односно не можат да бидат продадени.

Овие информации дефинитивно допираат до фудбалерите, па така и самиот Португалец не отфрли ниту една опција, односно ја остави вратата отворена за трансфер во преодниот рок.

-Во моментов не размислувам за други работи. Очигледно, тоа не зависи само од мене, нели? Играчот секогаш мора да сака да биде тука, но во исто време треба да сакаш тој да остане. Во моментов чувствувам дека тоа го има на двете страни. Не размислувам премногу за иднината, не само затоа што очигледно, оваа сезона досега не беше на нивото на кое се надевав, ниту индивидуално, ниту колективно.

-Се уште би можеле да ја завршиме сезоната со освојување на ФА Купот. После тоа, ни претстои многу важно ЕО. Значи, ако сакате да бидам многу искрен, ако треба да размислувам да не продолжам во Премиер лигата, тоа нема да биде дури по ЕП бидејќи ништо нема да може да ми го одземе фокусот од финалето на ФА Купот и ЕП, бидејќи во моментов нема ништо поважно од тоа, -порача Бруно за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни