Поврзете се со нас

Англија

Дербито со Арсенал донесе дополнителни проблеми: Тотенхем остана без двајца играчи до крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем забележа болен пораз од Арсенал во големото дерби и мораше да се помири со нов неуспех на домашен терен (2:3), но и покрај тоа, тимот на Анге Постекоглу се уште има математички шанси за влез во топ четири.

За да се случи тоа, Тотенхем навистина ќе мора да направи едно мало чудо, не само поради тешкиот распоред кој го има на последните пет натпревари, туку и поради проблемите со повредени фудбалери.

„Петлите“ се еден од двата тима кои имаат два заостанати меча и до крајот имаат уште пет рунди, а од споменатите пет кола, три се против Челси, Ливерпул и Манчестер Сити.

Тотенхем ќе има исклучително тешка задача да освојува бодови, уште повеќе и поради фактот што до крајот нема да може да смета на Дејвис и Вернер.

– За жал, поразот од Арсенал донесе и дополнителни проблеми. Тимо заработи повреда на задната ложа и ќе биде во аут до крајот на сезоната. Има уште три седмици за игра и тој нема да може да се врати. За жал, повреда на листот заработи и Бен Дејвис, па и тој ќе биде во аут во последните пет кола. Единствена добра вест од повредените е онаа со Скип, кој најверојатно ќе може да игра утре против Челси, – изјави Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни