Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Трагичарот Ким изговорил само три збора пред новинарите во микс-зоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Ким Мин-Јае имаше неколку добри реакции во дуелите со Винисиус Жуниор и изгледаше како добар коректор на контра нападите, но сепак Кореецот беше главен трагичар на баварците поради двете грешки кои ги направи во полуфиналето.

Играчот кој лани беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А едноставно не може да се препознае како член на Баерн, а падот во концентрацијата скапо го платија неговите соиграчи, но и фановите на Баерн.

Реал постигна два гола по две негови грешки и со добар резултат се враќа во шпанската престолнина, но бидејќи Ким беше посочен како главен виновник и од Тухел за крајниот исход на првото полуфинале, самодовербата по крајот на мечот била на уште пониско ниво.

Како што откриваат германските новинари, Ким минал крај микс-зоната и не застанал да разговара со ниту еден претставник од медиумите, а на заминување испорачал само три збора на корејски:

– Многу ми е жал, – порачал Ким, кој пак доби зборови за утеха од капитенот Мануел Нојер.

– Зборувавме со Ким во соблекувалната и заклучивме дека грешки се случуваат во фудбалот. Тоа е дел од оваа игра, но тоа не значи дека нема да биде добар на следните натпревари. Неговиот меч не беше целосно лош, имаше и добри моменти на теренот. За жал, донесе некои погрешни одлуки во клучни моменти и за жал тоа е дел од фудбалот, – изјави Нојер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни