Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу во свој стил: Се селам во Шведска, таму нема ВАР

Објавено

на

foto:twitter.com/SpursOfficial

ВАР технологијата требаше да му помогне на фудбалот и да го однесе на некое друго ниво, но иако веќе неколку години се применува има доста критики кога е во прашање неговата употреба и што тој му прави на овој спорт кој важи за најважната споредна работа на светот.

Секако ВАР помага во одредени ситуации, но има и доста нејаснотии што им пречат на играчите, тренерите како што е случајот со предводникот на Тотенхем, Анге Постекоглу кој во свој стил порача:

-Ужасно би променил околу тоа, но како што реков претходно, мислам дека ВАР значително го промени фудбалот што мислам дека не беше намерa кога беше воведен, -истакна Анге кој порача дека би се преселил во Шведска, земја која одбила да го користи овој систем.

Моќта на гласот на фановите: Шведска е прва земја која одби да користи ВАР технологија

-Да се селам таму. Немам работа, едноставно таму се селам, -порача Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни