Поврзете се со нас

Италија

Интер е казнет за навредите кон Тео Ернандес

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер дојде до пехарот во италијанската Серија А, а славјето на 20. Скудето во историјата беше бурно и играчите заедно со навивачите пеаја навредувачки песни кон Милан и кон дел од играчите.

Најголем дел од тие скандирања беа насочени кон Тео Ернандес, па токму за тоа новиот италијански првак е санкциониран со 3000 евра.

Засега неказнет останува дефанзивецот Дензел Дамфрис кој зема еден банер во кој беше претставен како газда и држеше куче на ланец при што на главата на животното имаше фотографија од Ернандес.

Холанѓанецот потоа се извини на социјалните мрежи, но се уште може да биде казнет во зависност од истрагата на спортскиот суд во Италија.

Дамфрис ќе биде казнет за гестот на прославата на Интер (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни