Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинките ја надиграа Хрватска и го избегнаа „фенерот“ на ЕП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација до 19 години издвојува победа над Хрватска од 31-26 во последниот меч на Европското првенство во Романија.

Ова беше дуел за 15. место на шампионатот, дуел кој избраничките на Јулијана Дамчевска успеаа да го добијат и на тој начин да го избегнат „фенерот“ на шампионатот.

Нашата селекција имаше одлучно прво полувреме во кое ја направи клучната предност со оглед на тоа што на пауза замина со плус десет (18-8), Во вторите 30 минути противникот намали дел од негативата, поточно тоа беше доволно само за попристоен пораз.

Ризоска со девет погодоци беше најефикасна ракометарка, Дукоска пак имаше пет реализации од десет обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни