Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски блескаше, Порто со значајна победа остана во игра за нокаут фазата на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски имаше извонредна партија во дресот на Порто против Целје во 13. коло во Лигата на шампионите.

На домаќините им беше потребен триумф за да останат во игра за нокаут фазата, победа до која стигнаа со резултат 32:30. Огромна улога за истата имаше нашиот голман Митревски кој забележа 14 интервенции или поточно имаше 33.33 проценти на одбранети удари.

Ареа пак со десет голови беше прв стрелец, додека на другата страна се истакна Миличевиќ со девет реализации.

Порто во наредното коло му гостува на Висла Плоцк, директен дуел кој ќе го одлучи патникот во осминафиналето на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни