Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милан собори италијански рекорд и заработи сериозна сума од дуелот со Тотенхем

Објавено

на

Италијанскиот шампион Милан по цели девет години играше натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите, а тоа донесе и сериозен финаниски инпут за клубот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека дуелот со Тотенхем на „Сан Сиро“ го следеле најмалку 74.000 гледачи, што е нов италијански рекорд за посетеност на европски натпревар.

Милан од билетите заработил сума од околу 9 милиони евра, што е повеќе од одличен финансиски ефект за клуб, кој како и другите италијански ривали, се соочува со големи предизвици во споредба со англиските клубови.

Милан победи со 1:0, па фановите се надеваат дека ќе добијат уште најмалку една шанса да го исполнат стадионот и да го бодрат својот клуб во следната фаза на ЛШ.

Лоша реакција на Донарума и победа за Баерн во Париз, Милан со „минималец“ против Тотенхем (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни