Поврзете се со нас

Италија

Милан нема да одбие соодветна понуда за разочараниот Тео

Објавено

на

foto: twitter.com/acmilan

Милан ги отпушти директорите Паоло Малдини и Рики Масара, а таквата одлука донесе сериозно незадоволство кај голем број од фудбалерите на италијанскиот тим.

Она што може да биде посебно важно за „росонерите“ е ставот на Тео Ернандес, за кого медиумите предвидуваат дека може да побара трансфер во текот на ова лето.

Французинот досега беше еден од најважните членови на Милан и фановите очекуваа да настапува на „Сан Сиро“ уште долго, но ова лето може да донесе пресврт, затоа што Малдини имаше најголеми заслуги за доведувањето на поранешниот играч на Реал Мадрид.

Клубот нема да одбие соодветна понуда за Ернандес, а се очекува тоа да биде сума од околу 70 милиони евра за овој трансфер, што не е голем проблем за англиските и дел од шпанските клубови.

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се споменуваат како заинтересирани страни за потписот на Ернандес, чии агенти може да имаат работно лето. Договорот на Французинот со Милан истекува во 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни