Поврзете се со нас

АТП

Мекинро: Ѓоковиќ не е најголем, но е најдобар играч на сите времиња

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Џон Мекинро е еден од асовите кој има одбележано една ера во светот на тенисот или поточно има дадено голем придонес овој спорт да се развива и дојде до едно ниво кое е денеска.

Мекинро и до ден денеска е блиску до тенисот, коментира, анализира, даде мислења, совети во негов стил отворено и искрено. Веќе некое време трае дебатата за тоа кој е најдобар рекет на сите времиња, а токму Џон на негов начин го издвои Новак Ѓоковиќ.

-Луѓето можат да го мразат или сакаат, но за мене тој е еден од најголемите, не тенисери, туку спортисти во историјата. Има неверојатни физички предиспозиции, а такви психички подготвени спортисти имало многу малку. Таа желба за победа, интензитетот во неговата игра, тоа е импресивно. Нема многу спортисти во историјата кои беа толку интензивни на теренот како Новак во текот на нивната кариера. За мене тој спаѓа во иста категорија како Мајкл Џордан, -истакна Американецот за „Индекс“ кој запрашан за тоа дали денешниот тенис е здодевен, неговиот одговор беше следен:

-Повеќе би рекол дека е предвидлив, а за тоа е крив Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња. Нема да кажам најголем, но најдобар сигурно. Тој го однесе тенисот на друго ниво и мислам дека само што почнавме да го цениме тоа.

-Тука беа Рожер и Рафа кои делуваа недопирливи, а потоа дојде Новак и се поремети. Сите сакаа Федерер и Надал да бидат на тоа ниво, а Ѓоковиќ на крајот стигна до тоа ниво. Мора да го цениме тоа. Не знам како го одржува тоа ниво, но знам дека не може да трае вечно, -заклучи поранешниот грен слем шампион и некогашн најдобар рекет на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни