Поврзете се со нас

Франција

Мбапе се отвори за својата иднина, за големите недостатоци на ПСЖ и катастрофалниот третман кој го доби Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе е топ тема во француската спортска јавност во последните 24 часа, сето тоа како резултат на спинуваната вест која ја објавија неколку угледни француски медиуми.

Објавата дека Мбапе доставил писмо до управата на ПСЖ беше пренесено како вистинска сензација, од едноставна причина што во истото напаѓачот го известува клубот дека нема да ја активира последната година од договорот која не беше задолжителна.

Мбапе најпрво се јави преку правниот тим и извести дека за ова во клубот се запознаени уште од минатиот јули, но сега одработи и интервју за „Газета“ во кое целосно се отвори и проговори за иднината и неколку интересни теми.

– Не му реков на ПСЖ да ме продаде или дека одам во Реал Мадрид ова лето. Само кажав дека нема да ја активирам дополнителната сезона до 2025-та година. Не сме преговарале за нов договор и јас сум среќен да останам во тимот и наредната сезона, тоа е мојот став.

– Што се однесува до сезоната која заврши, за еден играч на највисоко ниво, секогаш целта е да се освојуваат титули. Знаевме дека имаме недостатоци во тимот и знаев дека кога тогаш тога ќе дојде до израз. На крајот плативме со нова елиминација во Лигата на шампионите. Треба да се учи од грешките секоја сезона, но ние ги повторуваме секоја сезона, – вели Мбапе во интервјуто за „Газета“, во кое потенцира дека Лео Меси добил ужасен третман од навивачите на ПСЖ.

– Зборуваме за играчот кој може да е најголем во историјата на фудбалот. Никогаш не е добра вест кога си оди Меси од вашиот тим. Лично гледано, не можам да сфатам зошто толку луѓе се израдуваа на неговото заминување. Зборуваме за Меси, тој заслужува да биде почитуван. Наместо тоа, тој не ја доби почитта која ја заслужува во Франција. Тоа е вистинска штета, но вистината е дека не доби респект. Ќе видиме како ќе го замениме за следната сезона, – порачува Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни