Поврзете се со нас

Балкан

Матиќ за споредбите на Србија и Хрватска: Не може да споредувате играч на Торино со Модриќ

Објавено

на

Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ предизвика многу реакции во соседна Србија, откако преку медиумите го истакна своето мислење за постојаните споредби на српската и хрватската репрезентација.

За разлика од Хрватска, Србија потфрли на последниот мундијал, а Матиќ смета дека неговите сонародници имаат преголеми и нереални очекувања.

– Ние Србите правиме притисок, а немаме основа за такво нешто.

– Уште претходно реков дека не може да се споредуваат Србија и Хрватска, затоа што во тие моменти имавме само тројца фудбалери на врвно ниво, а тие Ракитиќ, Модриќ, Ковачиќ, Перишиќ и Манџукиќ – сите во големи клубови.

– Ние имавме само двајца играчи во голем клуб, сите други играа во просечни екипи. Не може некој кој игра во Торино да се справи со притисокот исто како еден Лука Модриќ. Србија мора да ја намали тензијата пред големите натпреварувања, – смета Матиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни