Поврзете се со нас

Балкан

Манев повторно ќе игра за Адана Демирспор

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Јован Манев ја менува клупската средина и од Осијек одново се враќа во екипата на Адана Демирспор.

Дефанзивецот одигра само седум натпревари за хрватскиот прволигаш за кого во последно време не беше во конкуренција поради повреда. Турскиот тим реши да ја активира клаузулата во договорот и предвреме да го повлече својот фудбалер од позајмицата во Хрватска.

-Одлуката беше искучиво на Адана, така е склучен договорот со Осиек. За мене беше чест да играм за Осиек, но Адана е мојот клуб за кој сум обврзан со повеќегодишен договор. Поради тоа е јасно е дека ја прифатив нивната одлука, особено што многу ми помогнаа во мојата досегашна кариера. Дадов се од себе овде и жалам што не добив повеќе настапи во ХНЛ поради проблемот со тетивата. Се надевав дека резултатски ќе бидеме поуспешни, квалитетот секако е тука, но некако западнавме во криза. Тоа е фудбалот.

-На во „Опус Арена“ бев пречекан многу топло, соиграчите остануваат во моите убави спомени, исто како и сите луѓе во клубот и навивачите. На сите им посакувам се најдобро, особено на играчите бидејќи секако го заслужуваат тоа. Се уверив себеси тренирајќи и играјќи со нив дека може многу подобро од она што го постигнавме досега. И се враќам во Турција, во многу силна лига и се надевам дека повторно ќе ги оправдам нивните очекувања, -порача Манев за официјалниот сајт на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни